КОНЦЕРТ НА КРСТЕ РОЏЕВСКИ СО ТОМИКА РИД НА 13 СЕПТЕМВРИ ВО СКОПЈЕ

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)
На 13 септември од 20.30 часот во Филхармонијата, концерт ќе одржи македонскиот кантавтор Крсте Роџевски кој живее во Њујорк, заедно со американската челистка Томика Рид.
Музичката соработка меѓу Крсте Роџевски и Томика Рид започна пред десетина години, кога Рид свиреше виолончело на вториот студиски албум на Роџевски. Подоцна, таа свиреше и на синглот „Горно Дупени“, како и на новиот аранжман на традиционалната песна „Ој љубов“, кој Роџевски го напиша за саундтракот на филмот „Врба“ на Милчо Манчевски. За време на пандемијата, Роџевски сними албум  со елитата на џез и експериментална сцена од Чикаго, во кој Томика Рид повторно учествуваше, како дел од музичката екипа.
Ова е вторпат Роџевски и Рид да настапат заедно во Македонија. Првиот беше на „Оф фест“ во 2019.
Крсте Роџевски живее и работи во Њујорк од крајот на 1990-тите. Зад себе има седум студиски албуми за издавачки куќи во САД и Грција, во кои соработува со повеќе истакнати музичари од Њујорк и Чикаго, како Крис Дејвис, Адам Рудолф, Ингрид Лауброк, Мери Халворсон, Бил Ласвел, Џеф Паркер, Никол Мичел, Крис Спид и други.  итн.
Томика Рид е добитничка на грантот за генијалци на Фондацијата „МекАртур“. Таа е дел од AACM, Уметничкиот ансамбл од Чикаго со Никол Мичел и Мајк Рид, триото со Крег Тејборн и Чес Смит, нејзиниот сопствен квартет со Мери Халворсон, Тома Фуџивара и Џејсон Робке и многу други.
Билетите се продаваат преку мрежата на Карти.ком.мк