Со музичка програма која ќе трае од 26 до 28 август, Македонска Каменица ќе го прослави Денот на рударите
Првата вечер е наречена „Фолклорна магија“ и е посветена на играорците со настап на Културно уметнички друштва од Бугарија и Србија како и КУД „Вера Јоциќ“ од Македонска Каменица.
Втората вечер, на 27 август е наречена „Рок енергија“ и ќе настапат Спасен Силјаноски, „Риплеј бенд“ и „Дивље јагоде“. На 28 август, вечерта ќе ја отвори хорот од детскиот фестивал „Поточиња“ со маскотата Поки. Забавата потоа продолжува со диџеј Пајак, а истата вечер концерт ќе одржат „Митан проект“ и Андијана Јаневска (фото). На крајот, свој концерт ќе има Дани Димитровска.
Организатори на прославата се Општина Македонска Каменица, Културно-информативниот центар „Романса“, и рудникот „Саса“.