ЏЕЗ-ФЕСТ ОД ВЕЧЕРВА ПО ОСМИ ПАТ ВО ТЕТОВО

Тетово, (СМАРТ СДК.МК)

Од вечерва (11 септември) до 13 септември, во просториите на „Европска куќа“ и во Центарот за култура „Иљо Антески-Смок“ во Тетово по осми пат ќе се одржува фестивалот на џез музика, Џез-фест. Го отвораат тетовските музичари Вулнет Незири на обоа, Шкељзен Бафтиари на пијано, Фатон Стафаи на гитара, Александра Чуруковска на контрабас и Кораб Хајдари на перкусии од составот „Антисвинг“.

Утре ќе настапат Елина Дуни како вокал и Роб Луфт на гитара, а на последниот ден од џез фестивалот свират Артан Бакија и Маркелиан Капидани на пијано, заедно со гудачки квартет.

„И оваа година фестивалот носи богата програма со реномирани уметници од домашната и меѓународната сцена, нудејќи три вечери исполнети со квалитетна музика и уникатна атмосфера за тетовската публика и посетителите од регионот. Овој фестивал е празник на единството, креативноста и љубовта кон музиката. Џез фестивалот во Тетово се етаблира како важна културна платформа за промоција на џез музиката и за поттикнување културна соработка помеѓу уметници од различни земји. Настанот има за цел да ја доближи живата и импровизирана џез музика до пошироката публика“, рекоа организаторите.

Концертите започнуваат во 20 часот, а влезот е слободен.

З. АНДОНОВ 

Фото: Фејсбук/Нестори