На репертоарот се Вивалди, Хачатуријан, Хумел, Корет, Буалдие, Петровиќ и други и неколку дела што за првпат ќе се свират пред македонската публика.
На 20 јуни 2024, виолинистот, професор и диригент Ерхан Шукри на децата болни од дијабетес им ја даде донацијата која ја вети во октомври 2023, откако во Националната опера и балет одржа јубилеен хуманитарен концерт.
„Знам со што се соочуваат дијабетичарите, бидејќи мојата мајка е дијабетичар и долги години прима инсулин. Но, првенствено, децата ми беа инспирација. Одамна сакав да направам хуманитарен концерт за деца, но не бев одлучен каде би ги наменил средствата. Кога видов дека децата со дијабетес долго чекаат сензори, ми падна многу жал и така се одлучив овој конецрт да биде за нив“, ни рече Шукри тогаш.
М. ЏАРОВСКА