Околу 120 парчиња облека што опфаќаат приближно пет децении од кариерата на Џорџо Армани се изложени на голема изложба, која се отвори на 24 септември во Милано. Италијанскиот моден дизајнер почина на 4 септември на 91 година.
Изложбата во Академијата за уметност „Пинакотека ди Брера“ е насловена „Милано, со љубов“ (Milano, per amore).

Меѓу попознатите парчиња облека што се изложени е оделото што го носеше Ричард Гир во филмот „Американски жиголо“, кој помогна во светскиот пробив на Армани во раните 1980-ти.
Армани како раководител на истоимената модна империја беше активно вклучен во планирањето на изложбата сè до неговата смрт. Изложбата, која ќе трае до 11 јануари, ја прикажува облеката распоредена меѓу светски познати слики од уметници како Караваџо и Рафаел.
(Фото: АП)