„НА ЛИНИЈА“, НОВО СТЕНДАП ШОУ НА ТИНО И АТАНАС ВО СКОПЈЕ НА 21 НОЕМВРИ

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)
На 21 ноември од 20 часот во салата „Јане Сандански“ во Скопје, свое стендап шоу ќе имаат актерите Тино Костадиновски и Атанас Атанасовски, објави „Тикетс.мк“. Шоуто е со наслов „На линија со Тино и Атанас“.
Специајлни гости се актерите Александар Михајловски и Антонио Ташковски кои се најавени како нивните псевдоними на Инстаграм Син на мајка и 1Човек.
„По 4 распродадени арени, германска, европска и македонска турнеја и повеќе од 30.000 насмеани лица, време е за следната голема страница. Со претходниот проект „НАТпросечен Македонец“, Тино и Атанас не само што испишаа историја на македонската стендап сцена, туку поставија и рекорд во продажбата на билети“, велат организаторите за новото шоу.