КОНЦЕРТ НА ФИЛХАРМОНИЈАТА ВЕЧЕРВА ВО БИТОЛА

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

По Гевгелија, оркестарот на Македонската филхармонија вечерва (7 октомври) од 20 часот ќе гостува во Центарот за култура во Битола. Како солистка на концертот „Бајка“ ќе настапи виолинистката Анна Кондратенко, концертмајстор во Филхармонијата. Таа воедно ќе го води оркестарот во изведбата на композициите „Come in!” („Чукни и влези”) од Владимир Мартинов и „Писма до пријателите” од Гија Канчели.

Пред две години, Кондратенко го основа квартетот „Филхармонија” составен од членови на оркестарот на Македонската филхармонија, со кој настапи на домашни и меѓународни фестивали. Моментално е концертмајстор и солист во Македонската филхармонија и во оркестарот на „Фејмс проект“.