Џенифер Лопез и Бен Афлек се сретнаа повторно на црвениот тепих на промоцијата на филмот „Бакнежот на жената пајак“. Лопез и Афлек, кои се разведоа минатата година, се појавија заедно прегрнати и насмеани пред камерите.
Лопез глуми во најновата адаптација на познатиот мјузикл, а Афлек е еден од извршните продуценти.
Нивното заедничко појавување предизвика коментари со оглед на нивната бурна историја. Среде интервју на црвениот тепих се гледа како Афлек го привлекува вниманието на Лопез, по што се слика со неа.
„Ова е неверојатна приказна. Мислам дека ова е улога каква што Џенифер сакаше да ја игра во текот на целата кариера, а во филмот е прекрасна“, рече Афлек.
Лопез и Афлек се венчаа во 2022 и се разделија во 2024, повеќе од 20 години откако се запознаа на снимањето на комедијата „Џигли“, каде што играа криминалци. Тие ја откажаа планираната венчавка во 2003, а потоа повторно се зближија во 2021.
Лопез го пофали Афлек за неговата работа на филмот.
„Да не беше Бен, филмот немаше да биде направен. И секогаш ќе му ја признавам таа заслуга“.
(Фото: АП)