Вечерва (9 октомври) од 19 часот, во Ликовниот салон во Велес ќе се одржи годишен концерт на хорот „Св. Кирил и Методиј“ од Велес. Насловен е „Децата низ боите на музиката“.
„Бидејќи музиката може да изрази толку многу од нашите чувства и има толку моќен ефект врз нашите срца, умови и тела, треба длабоко да го цениме овој совршен дар од Бога“, рече диригентката Веселинка Маџарова, која работи со децата членови.
Повеќето од членовите се од ОУ „Васил Главинов“, каде што хорот работи и вежба.
На програмата се дела од Тодор Скаловски, Драган Шуплевски, Запро Запров, Стојан Стојков…
П. ПЕЧКОВ