Вечерва (24 октомври) од 19 часот, во културниот центар „Јадро“ во Скопје ќе се одржи музичкиот фестивал Октомвриски музички поход 2025. Ќе настапат „Калико“ и Димиш, а диџеј сетови ќе имаат Раста Грл (фото), Чарли и Анчи Саунд Ст. Организатор на фестивалот е „Култи ватор“, во соработка со КЦ „Јадро“, а влезот е слободен.
„Калико“ е млад македонски инди/рок бенд кој зад себе има десетина синглови и десетици концерти во Скопје и низ Македонија. Димиш е музичар кој ги свири сите инструменти за еден бенд: бас, тапани, гитара и вокал.