Новата книга „Италијанската литература и култура на барокот, просветителството и неокласицизмот“ од проф. д-р Ева Ѓорѓиевска и проф. д-р Јована Караникиќ-Јосимовска ќе биде промовирана на 29 октомври од 19 часот во книжарницата „Литература.мк“ во „Дајмонд мол“. Промоторка на изданието на „Арс Ламина“ ќе биде проф. д-р Анастасија Ѓурчинова, а на настанот ќе се обрати и уредничката Цветанка Стоилова.
Промоцијата е во рамките на 25. Недела на италијанскиот јазик во светот, која годинава се одбележува од 13 до 30 октомври.
Книгата ги запознава читателите со најзначајните претставници на барокот, просветителството и неокласицизмот во Италија, имајќи ги предвид придобивките од нивното творештво и истражување за понатамошниот развој на науката и културата на глобално ниво.