ИТАЛИЈАНСКАТА ПРЕТСТАВА „НЕШТО ГОЛЕМО“ ВЕЧЕРВА НА ФЕСТИВАЛОТ „СТОБИ“ ВО ВЕЛЕС

Велес, (СМАРТ СДК.МК)

Вечерва од 20 часот во Велешкиот театар ќе се изведе претставата „Нешто големо“ на „Академија Италијана“ од Лече, дел од програмата на 22. издание на Фестивалот на античка драма „Стоби“.

Претставата е мјузикл и стендап комедија на италијански јазик. На сцената се шестмина актери кои ја изведуваат преработката на песната „Qualcosa di Grande“. Таа раскажува приказна за потребата цела една генерација да биде сослушана.

Наративот дека ‘работите беа подобри во минатото‘ е присутен секаде во светот и е длабоко вкоренет кај сите генерации. Ликовите и дејството се развиваат со вознемиреност од иднината и фрустрации од сегашноста, борејќи се со носталгијата и многу историски трендови што го одбележаа новиот миленуим“, пишува во најавата за претставата „Нешто големо“.

П. ПЕЧКОВ