САФЕТ СПАХИУ СО ИЗЛОЖБА ВО ЧИФТЕ АМАМ НА 11 НОЕМВРИ

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Утре (11 ноември) во 19 часот, во Чифте амам, објект на Националната галерија на Македонија (НГМ), ќе се отвори изложбата „Пурпурна имагинација“ на уметникот и професор на тетовскиот Државен универзитет, Сафет Спахиу. Ќе бидат изложени 50 дела од неговиот последен циклус на слики изработени во комбинирана техника. Кустос на изложбата е Маја Крстевска. Изложбата ќе трае до 24 ноември.

„Во овој циклус, одлика на авторот се јаки контрасти со потези во полутонови и големата желба да се избегне, да се одмине денешнината. Тоа на гледачот му овозможува чувство на контакт со делото, како и допир со радоста на неговото творештво. Уметникот ни ја демонстрира својата чиста сведеност на необични, имагинарни и поетски слики“, велат од НГМ.