„БИТОЛСКИ ОРКЕСТАР ДИВА“ И МАКЕДОНСКИ ПОП ПЕЈАЧИ СО КОНЦЕРТ ВО ВЕЛЕС ЗА ДЕНОТ НА ОСЛОБОДУВАЊЕТО НА ГРАДОТ

Велес, (СМАРТ СДК.МК)

Вечерва (9 ноември) од 20 часот, Битолскиот камерен оркестар ќе настапи во Велес со неколкумина македонски поп пејачи. Тој од пред некој ден го носи името „Битолски оркестар Дива“.

На репертоарот ќе бидат македонски шлагери, кои ќе ги пеат Андријана Јаневска, Никола Перевски-Пере од „Нокаут“, Ана Петановска, Димитар Андоновски и Полина Тасева.

Концертот е дел од содржините на одбележувањето на 9 Ноември, Денот на ослободувањето на Велес. Ќе се одржи во театарот „Јордан Хаџи Констатнинов-Џинот“ и почнува по одржувањето на свечената академија.

П. ПЕЧКОВ