ЈАПОНСКИ ФИЛМОВИ ВО КИНОТЕКАТА ОД 13 ДО 18 НОЕМВРИ

Скопје, (СМАРТ.СДК.МК)

Од 13 до 18 ноември во Кинотеката на Македонија ќе се одржува Недела на јапонски филм. Отворањето е со филмот „Под отворено небо“ (фото) по сценарио и режија на Миуа Нишикава, според роман на Рјузо Саки.

Програмата се состои од филмови со жанровска разноликост, од драмски филмови до анимирани дела, претставувајќи ги новите имиња на јапонската кинематографија.

„Нивните креативност и посветеност на детали и инспирацијата од јапонската култура, социјалните прашања и модерниот живот го прават овој циклус особено актуелен и релевантен за денешната публика“, велат од Кинотеката.