Кларинетистот Васко Дуковски ќе биде солист на концертот на Филхармонијата на 13 ноември од 20 часот. Диригент е Марк Кадин од Украина.
Ќе се свират дела од Бенџамин Бритн, Џоакино Росини и Волфганг Амадеус Моцарт.
Васко Дуковски е кларинетист, композитор и педагог. Настапувал во големи концертни сали во светот, од Њујорк до Шангај. Дуковски моментално е специјално назначен професор по кларинет на Универзитетот за уметности во Нанџинг во Кина. Предавал на Квинс колеџ и Џулијард и е чест гостин на меѓународни фестивали.