На 21 ноември групата „Љубојна“ почнува турнеја во Франција, Белгија и Холандија. Првиот концерт е во Лион, на 28 ноември се во Брисел, а потоа следуваат три настапи во Холандија, во Амстердам, Ротердам и Мастрихт.
Вера Милошевска-Јосифовска, пејачката на „Љубојна“, минатата година ја промовираше книгата „Македонскиот вокален мелос во современиот контекст – Оживување на една заборавена музика”. Ова е прва книга на Милошевска-Јосифовска, која е професорка во ДМБУ „Илија Николовски-Луј“ и е нејзин магистерски труд.