Македонскиот пејач Ристе Ристески беше гостин на концертите на хрватскиот поп-пејач Тони Цетински во „Сава центар“ во Белград. Цетински одржа три последователни концерти во Белград, а Ристески беше изненадувачки гостин.
Македонскиот пејач го испеа хитот на Тоше Проески „Сѐ уште сонувам дека сме заедно“ (Још увијек сањам да смо заједно), а публиката го пречека со голем аплауз, велат од тимот на Ристевски. Тој заедно со хрватскиот пејач го испеа дуетот „Заблуда“, што Цетински го сними со Жељко Јоксимовиќ.
Ристе Ристески е пејач од Охрид кој има учествувано на музички талент шоуа и има снимено неколку авторски песни. Сега живее во Белград.
„Нема ваква емоција додека не запее македонскиот славеј“, рече Цетински по настапот во Белград.