МАКЕДОНСКАТА КОПРОДУКЦИЈА „ФАНТАЗИ“ И „АМРУМ“ НА ФАТИХ АКИН НА СИНЕДЕЈС

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Програмата на 24. Фестивал на европски филм Синедејс денеска (5 декември) почнува со кратки филмови. Од 19 часот во МКЦ ќе се прикажат „Антипод“ на Бојан Секуловски, „Ел Дорадо“ на Матија Јовановиќ, „Нурнување во рапсодија“ на Елдан Аломеровиќ и „Мојот Њујорк“ на Алрик Браун.

Во програмата МК/ЕУ игра словенечко-македонската копродукција „Фантази“ (фото), долгометражно деби на словенечката режисерка Кукла, позната и како Кукла Кешеровиќ или Катарина Решек (20:25 часот, кино Фросина), а во СЕЕ програмата „Кога ѕвони телефонот“ во режија на Ива Радивојевиќ (21 часот, Кинотека).

Во Гала програмата, од 22:20 часот во кино Фросина е проекцијата на „Амрум“ на режисерот Фатих Акин, а во програмата Зимски Македокс, „Ниедна друга земја“ на Јувал Абрахам (19:30 часот, сала „25 Мај“).

Во Клуб ресторанот на МКЦ од 20:30 часот настапуваат бендовите „Лу“ (алтернативно рок/пост панк трио од Шабац), „Шорт рипортс“ (енергично рок дуо од Нови Сад), Свире (БиХ) и белградскиот инди рок состав „Митско биќе“.