СЕКСОТ ОД ПОРНО ФИЛМОВИ НЕ ОЧЕКУВАЈТЕ ДА ВИ СЕ СЛУЧИ ВО РЕАЛНОСТА

Скопје,(СМАРТ СДК.МК)

Порнографија се сите слики и видеа кои се произведени за да предизвикаат сексуална возбуда. Најголемиот дел од порнографските производи се создадени за машкaта популација и затоа ги покажуваат машките фантазии. Исто така во порнографските видеа, најчесто никој не носи кондом.

Притоа, актерите во порнографските филмови обично имаат поголеми мускули и пенис, додека актерките се многу послаби и имаат поголеми гради на кои обично имаат хируршки интервенции.

Важно е да се запомни дека сексот во порнографските филмови не е како реалниот секс. Тој може да претставува одредена слика како бајка за која може да фантазирате, но не очекувајте тоа секогаш да ви се случи и во реалноста.

Софт-порното остава простор на имагинацијата. Во него може да се прикаже како еден маж и една жена се бакнуваат, или пак една жена со сексапилна долна облека. Хардкор-порното јасно прикажува  секс сцени, во кои на пример жена седи со отворени нозе или одблиску се прикажува сексуалниот чин.

Негативната страна на порнографијата е што од неа може да се стане зависен. Дури може да почне да влијае негативно врз вашиот сексуален живот, посебно тогаш кога почнувате да уживате повеќе гледајќи порнографија отколку во самиот секс.

Ако приметувате дека ви се раѓа желба да гледате повеќе и разни типови на порнографија, време е да престанете.