РЕВИЈА НА ИТАЛИЈАНСКИ ФИЛМОВИ ВО СКОПЈЕ

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Денеска (10 декември) во Скопје почнува „Филм направен во Италија“ (Cinema Made in Italy), ревија посветена на најголемите хитови на современата италијанска кинематографија. Настанот го организира Синесита, европскиот филмски и фотографски архив, во соработка со Италијанскиот институт за култура во Белград и со поддршка на Амбасадата на Италија во Скопје. Во текот на четирите ревијални вечери ќе бидат прикажани филмови излезени во киносалите во текот на оваа година.

Проекциите ќе се одржат во Синеплекс, филмовите ќе бидат со превод на македонски, а влезот ќе биде бесплатен.

Вечерва од 20 часот е филмот „Забранетиот град“ на Габриеле Маинетим (фото), а утре ќе се прикаже „Три чинии“ од Исабел Коишет. На 12 декември е „Грабнувањето на Арабела“ во режија на Каролина Кавали, а на 13 декември е филмот „Една учебна година“ од режисерката Лаура Самани. Сите проекции се од 20 часот.