„ДЕТСКО ДИСКО“, ИНТЕРАКТИВНО ШОУ ЗА ДЕЦА НА 28 ДЕКЕМВРИ ВО СКОПЈЕ

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Интерактивно шоу „Детско диско“ ќе се одржи на 28 декември во Младинскиот културен центар (МКЦ). Термините се од 12 и од 14 часот.

„Детско диско“ е наменето за деца од две до 12 години и комбинира музика, танц, анимација и визуелна магија. Програмата вклучува детски диџеј, маскоти, 3-Д анимации и професионални аниматори.

„Настанот е уникатна можност за децата да ја доживеат новогодишната еуфорија преку игра, музика и заедничка радост“, велат организаторите.