„КРАТКА ХРОНОЛОГИЈА“, ИЗЛОЖБА НА УМЕТНИКОТ И МУЗИЧАР ИГОР СТАНОЕСКИ ВО СКОПЈЕ

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

„Кратка хронологија“ е насловена изложбата на Игор Станоески познат како ИгиМен, која ќе се отвори денеска (30 декември) во Скопје, во „Бифе Тафталиџе“ во 20 часот.

Изложбата е краток хронолошки осврт на неговото творештво од последниве шест години и ќе бидат изложени селектирани дела создадени во овој период. Некои од сликите веќе биле изложени, но само во Германија.

Станоески е дипломиран ликовен уметник и скулптор, но и музичар, композитор, аранжер, текстописец и продуцент. Дваесет години активно се занимава со музика и настапува со рок, блуз, џез и поп репертоар. Дел е од организацијата на Котон блуз фестивал во Скопје.