АНИМИРАНИ ФИЛМОВИ ЗА ДЕЦА И ДОКУМЕНТАРЕЦОТ ЗА „ХАУСТОР“ ВО ЈАНУАРСКАТА ПРОГРАМА НА КИНОТЕКАТА

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Анимирани филмови, документарци и македонски филмови се дел од програмата која Кинотеката ја најави за јануари.

„Посебно место во програмата зазема ‘Кино утро’ со проекции на анимирани филмови наменети за младата публика. Во јануарската селекција се вклучени и избрани содржини од фестивалот Киненова и проекции на значајни документарни филмови, меѓу кои ‘Југо Флорида’ и ‘Фанк Ју’. Ќе се емитува и музичкиот документарец „Трет свет“, посветен на култниот хрватски бенд ‘Хаустор’. Домашната продукција е застапена со проекции на најновите македонски филмови „Утре наутро“, во режија на Јани Бојаџи и ‘Сите го викаат Реџо’. Програмата се заокружува со проекцијата на ‘Небото над Берлин’ на Вим Вендерс“, велат од Кинотеката.

Целата програмата е достапна на ЛИНКОТ.