АВТОРОТ НА „ИГРА НА ЛИГНИ“ ЌЕ ПРАВИ НОВА СЕРИЈА ЗА „НЕТФЛИКС“ СМЕСТЕНА ВО СВЕТОТ НА КОЦКАРИ

Лос Анџелес, (Вараети)

Креаторот на глобално популарната серија „Игра на лигни“, Хванг Донг-хјук, подготвува нов проект за „Нетфликс“, кој дал зелено светло за криминалистичката серија „The Dealer“ сместена во светот на коцкари. Веќе е потврдена и актерската постава за серијата.

Според „Вараети“, серијата ќе се фокусира на жена наречена Геонхва, чии планови за венчавка пропаѓаат откако станува жртва на измама со недвижности. Таа се впушта во опасно коцкарско подземје и мора да посегне по своите некогашни вештини на крупие за да ја поврати контролата врз својот живот.

Во главната улога ќе биде 36-годишната корејска актерка Џунг Со-мин.

(Фото: Нетфликс)