Новата филмска адаптација на „Оркански височини“, книжевниот класик на Емили Бронте, од 12 февуари ќе игра во скопското кино Синеплекс. Филмот е во режија на оскаровката Емералд Фенел, а главните улоги ги играат австралиските актери Марго Роби и Џејкоб Елорди.
Роби ја игра Кетрин Ерншо, а Елорди е Хитклиф. Романот „Оркански височини“ е објавен во 1847 и ги следи семејствата Ерншо и Линтон и нивниот турбулентен однос со Хитклиф, посвоениот син на фамилијата Ерншо.
Првиот филм „Оркански височини“ е снимен во 1992, со Реиф Фајнс и Жилиет Бинош во главните улоги.
(Фото: Ворнер брос)