НАЈПОЗНАТИТЕ АКТЕРКИ И МОДЕЛИ КОИ ГИ ОБЛЕКУВАШЕ ВАЛЕНТИНО

САД, (Би-Би-Си)

Италијанскиот моден дизајнер Валентино Гаравани, познат само како Валентино, кој почина на 93 години, ги облекол некои од најпознатите жени и мажи во последните децении.

Актерката Ен Хатавеј беше блиска со дизајнерот Валентино, кој ја нарече „моја многу добра пријателка“ и „моја ќерка“ (Фото: Гети)

Откако стана коосновач на модната куќа „Валентино“ во 1959 година, неговите креации се појавија на безброј црвени теписи и церемонии за доделување награди низ целиот свет.

Моделот Клаудија Шифер во фустан на Валентино во 1995 (Фото: Гети)

Би-Би-Си издвои неколку дизајни на Валентино кои ги носеа познати личности, вклучувајќи некои дизајнирани од неговите креативни директори по неговото пензионирање во 2008 година.

Дијана во фустан на Валентино во 1992 (Фото: Гети)

Модниот дизајнер и могул зад славниот бренд „Валентино“ се здобил со поширока популарност откако бившата прва дама на САД Жаклин Кенеди почнала да ги носи неговите креации во 1964, нарачувајќи шест црни и бели фустани. Валентино потоа ја дизајнираше и нејзината венчаница за свадбата со Аристотел Оназис во 1968.

Актерката Шерон Стоун со Валентино на модна писта во Париз во 1994 (Фото: Гети)
Кејт Бланшет на Оскарите во 2005 (Фото: Гети)