ПЕСНА КАКО „КУПИ МЕ“ НАЈМНОГУ МИ ЛЕЖИ, ВЕЛИ ЛОЗАНО ЗА НОВИОТ СИНГЛ

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Влатко Лозаноски-Лозано премиерно ја објави новата песна „Купи ме“. За песната е снимен и видеоспот, за кој поп-пејачот вели дека визуелно ја надополнува музичката приказна.

Во спотот, покрај Лозано, се појавува и манекенката Марта Михајловски. Видеото е во реализација на Гордан Божиновски, а продуцентка е Верица Донев-Божиновски.

„‘Купи ме’ е стил на песна што најмногу ја чувствувам и ми ‘лежи‘“, вели пејачот, кој се подготвува за неговиот концерт на 7 март во салата „Борис Трајковски“.

„Се подготвуваме сериозно. Ќе настапам со голем бенд, работиме на нови аранжмани, ќе има гости и неколку сценски изненадувања за публиката“, рече пејачот.

Тој го најавува концертот како целосен музичко-сценски настан, со засилена продукција и специјално подготвена програма и додава дека сѐ уште не сака да открива детали.