Со новиот сингл „Сестро“, пејачката Александра Јанева го најави новиот албум, кој треба да излезе оваа година. Музиката, аранжманот и целосната музичка продукција се на Лазар Цветкоски, а текстот е на Луна.
„Сестра е секоја жена која ти подала рака, секоја пријателка која ти помогнала да ја откриеш сопствената вредност. 2026 година целосно ќе ја посветам на оваа порака, ќе биде година во знакот на ‘Сестро’, исполнета со многу нова музика која ја слави поддршката помеѓу нас“, вели Александра Јанева.
Режијата и монтажата на спотот за „Сестро“ се на Огнен Шапковски од продукцијата „Мелем“, а директор на фотографија е Кристијан Теодоров.
Синглови од албумот „Сестро“ ќе излегуваат етапно во текот на целата година.