ПО 13 ИЗДАНИЈА, ОТКАЖАН ФЕСТИВАЛОТ НА СВЕЖА НЕЗАВИСНА ДОМАШНА МУЗИКА „ЗЕМЈОТРЕС“ ВО СКОПЈЕ

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Фестивалот на свежа независна домашна музика „Земјотрес“ во Скопје, чиј организатор порано беше и Мирко Попов, оваа година нема да се одржи.

Во објава на социјалните мрежи, организаторите појаснија дека го откажуваат планираното 14. издание поради лошиот однос и тешката состојба во која се наоѓа Младински културен центар, каде што фестивалот се одржуваше досега. Тие додаваат дека врз ваквата одлука влијаела и слабата посетеност на минатогодишното издание.

„Од фестивал кој во соработка со МКЦ добиваше разумни технички услови и капацитети дојдовме во ситуација фестивалот сѐ да покрива сам. Дополнително, наидовме на слаба поддршка во промоцијата на социјалните медиуми и нецелосно функционален систем на продажба на билети (за потсетување, Земјотрес нема спонзори). Од година во година, стануваше сѐ посулудо да се потпише нов договор за соработка, бидејќи соработката и поддршката едноставно исчезнаа. Поради сето ова, годинава сме принудени да не го одржиме фестивалот“, кажаа организаторите.

Тие додаваат дека работат на алтернативно фестивалско издание кое би се одржало надвор во Скопје.