КОНЦЕРТ НА НАЦИОНАЛНИОТ ЏЕЗ ОРКЕСТАР СО ИТАЛИЈАНСКИОТ ПИЈАНИСТ РЕНАТО ЧИКО

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

На 19 февруари од 20 часот, Националниот џез оркестар ќе одржи концерт во Националната опера и балет со италијанскиот пијанист и органист Ренато Чико. На концертот ќе диригира маестро Џијан Емин.

Ренато Чико е музичар чиј израз се обликувал на њујоршката џез-сцена во 1990-тите. Во тој период, како член на оркестарот на Лајонел Хемптон, настапувал и во култни џез-клубови, како „Блу ноут“ и „Брдленд“.

Специјален гостин на вечерта ќе биде Енди Вотсон, тапанар од Њујорк со богата кариера на американската џез-сцена.

Билетите можат да се набават онлајн на МкТикетс и на нивните продажните места..

(Фото: А. Поркар)