Режисерот Синиша Евтимов почна со пробите за претставата „Тестостерон“ од полскиот автор Анджеј Сарамонович во театарот „Јордан Хаџи Константинов-Џинот“ во Велес.
Во претставата играат Васил Зафирчев, Жарко Спасовски, Фаик Мефаиловски, Јордан Витанов, Благојчо Стојанов, Стефан Николовски и Филип Христовски.
Премиерата е на 27 март, кога е Светскиот ден на театарот.
П. ПЕЧКОВ