ПОП-ПЕЈАЧКАТА ПОЛИНА ТАС ЈА ПРОМОВИРАШЕ ПЕСНАТА „ФЕНОМЕН“

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Поп-пејачката Полина Тас (Полина Тасева) ја промовираше новата песна „Феномен“, за која објави и видеоспот. Тасева вели дека „Феномен“ е современа поп-песна со модерен звук која носи порака за индивидуалност, различност и храброст да се биде свој.

„Песната зборува за личност која не се вклопува во шаблони“, вели пејачката.

Иван Костадинов-Панда е продуцент и автор на песната, а режисер на спотот е Владислав Гавриловски. Уметникот Бојан Ковски, кој е познат по цртање на тело, е главниот машки лик во видеото, кое е достапно на дигиталните музички платформи.

„Преку динамични сцени, видеото ја пренесува пораката дека вистинската слобода доаѓа кога ќе ги надминеме сопствените ограничувања“, велат од тимот на пејачката.

(Фото: Фејсбук)