КОНЦЕРТ НА „АМПЛИДАЈН ЕФЕКТ ТРИО“ ВО СКОПЈЕ

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Вечерва (28 февруари) од 20:30 часот, во социјалниот центар „Дуња“ во Скопје концерт ќе одржи „Амплидајн ефект трио“.

Ова е концертна поставка на проектот „Амплидајн ефект“ на Мартин Георгиевски, активен од 2009 и препознатлив по својот амбиентален, електронски и импровизациски звук.

Во триото, освен Георгиевски, членуваат и Владимир Мартиновски (тамбура, кавал, удиралки) и Соња Димитриоска (флејта).

Специјална гостинка на концертот е Добрила Грашеска, позната по работата со „Чалгија саунд систем и „Добрила и Дориан дуо“. Ова е нивни втор заеднички концерт.

Влезот е донација за музичарите.