ПЕСНИТЕ ШТО МИ ГИ НАПИША ДАРКО ДИМИТРОВ ТРААТ, РЕЧЕ АЛЕКСАНДРА РАДОВИЌ НА КОНЦЕРТОТ ВО СКОПЈЕ

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Алекандра Радовиќ одржа одличен коцерт вчера (27 февруари) во Филхармонијата во Скопје. Српската поп-пејачка ја наполни салата, а публиката остана на нозе на почетокот од концертот.

Во публиката, главно жени ги пееја хитовите на Радовиќ, која на „Златна Бубамара на популарноста“ ја доби наградата за најпопуларна регионална пејачка.

„Многу од моите песни напиша Дарко Димитров и се снимени во неговото студио. Тие песни уште траат“, рече пејачката за македонскиот продуцент и композитор. Авторка на дел од нејзините хитови е и Александра Милутиновиќ која ја напиша песната „Доживотно“ на Елена Ристеска.

Фото: Г.Десковски

„Таа е мојата сестра по музика. Сакаме иста музика, ги имаме истите чувства кога ја слушаме. Таа ја напиша песната ‘Како сол во морето’ (Као со у мору) и многу други“, рече Радовиќ за Александра Милутиновиќ која свиреше гитара во бендот и пееше придружни вокали. Песната која ја спомена ја прослави, а ја испеа на фестивалот „Сунчане скале“ во 2003. На хитот „Те чувам“ (Чувам те), Александра повика двојки од публиката да танцуваат на сцената.

„Да ја славиме љубовта“, рече пејачката која во еден дел од концертот се симна во публиката и трпеливо се сликаше со фановите. Поради голем интерес, продукцијата „Евентум“ објави дека ќе се одржи уште еден нејзин концерт на крајот од годината, на 13 декември.

М. ЏАРОВСКА