ШТО СЕ СЛУЧУВАЛО СО ЧЛЕНОВИТЕ НА „АББА“ ПО РАСПАДОТ – НОВА ПОСТАВКА ВО МУЗЕЈОТ ВО СТОКХОЛМ

Стокхолм, (ДПА)
STOCKHOLM 20180507 Ny interactive utsällning på ABBA Museet. Foto: Janerik Henriksson / TT / Kod 10010

Неколку недели откако членовите на една од најуспешните поп групи објавија дека ќе снимаат нови песни, Музејот на АББА во Стокхолм доби нова поставка, која прикажува што се случувало со бендот по неговото распаѓање.

„Најпоставувано прашање е: што се случило по 1982 година кога ‘АББА’ се распадна”, рече Бјерн Улвеус на отворањето на поставката, која содржи предмети од Ани-Фрид Раус (порано Лингстад), Бени Андерсон, Улвеус и од Агнета Фелтског.

На видеоекрани се прикажани интервјуа со Андерсон и Улвеус, како и извадоци од интервјуа во печатени медиуми

Голем ѕид покриен со ништо друго освен албуми и други материјали покажува колку биле зафатени членовите, и покрај официјалното завршување на музичката соработка во 1982 година.

„АББА“ стекна светска слава откако победи на Евровизија во 1974 година со „Ватерло”. Понатаму во кариерата, продадоа околу 380 милиони албуми.

Изложбата се отвора со четириминутен филм од режисерот Јонас Акерлунд со снимки од 1982 и потоа.

Посетителите потоа поминуваат низ аеродромска порта, симболично претставување на случката од 1982 година, кога четворицата летаа од Стокхолм до Лондон за прес-конференција, за да го лансираат она што ќе биде нивниот последен албум.

Петнаесет секции покажуваат дел од проектите на кои работеле членовите оттогаш, како, на пример, мјузиклот „Шах“ од 1984 година на Улвеус и Андерсон.

На видеоекрани се прикажани интервјуа со Андерсон и Улвеус, како и извадоци од интервјуа во печатени медиуми.

Голем ѕид покриен со албуми и фотографии покажува колку биле зафатени членовите, и покрај официјалното завршување на музичката соработка во 1982 година

Соло кариерите на Агнета Фелтског и Ани-Фрид Раус се појавуваат во одделни „куќи”, вели кураторот на изложбата, Ингмери Халинг.

Заедно со костимите од оригиналната продукција на „Мама миа”, на гостите им се овозможува да ѝ помогнат на Дона (која ја играше Мерил Стрип во истоимениот филм) да обои врата.

Долгогодишната менаџерка и портпаролка на групата, Горел Хансер, изјави дека би сакала да ја прошири понудата на музејот и со новите песни на групата.

Засега нема датум кога новите песни би можеле да бидат издадени, но една од нив, насловена „Сѐ уште имам верба во тебе“, премиерно ќе биде изведена во декември, во специјален ТВ-прилог на Би-Би-Си и Ен-Би-Си.