СИНОВИТЕ МИ ГО КРШАТ СРЦЕТО ШТО НЕ САКААТ ФУДБАЛ, ВЕЛИ ДЕЈВИД БЕКАМ

Лондон, (Индипендент)

Дејвид Бекам призна дека синовите му го скршија срцето, бидејќи не сакаат да играат фудбал, додавајќи дека сите негови надежи сега лежат во шестгодишната ќерка Харпер.

„Харпер игра фудбал секој викенд и го сака. Синовите не играат и тоа ми го крши срцето. Тие имаат талент, но сега сѐ останува на Харпер. Многу сум ентузијастичен кога ја гледам. Пред некој ден, едно момче ја удри на терен и не знаев како да реагирам, додека други родители ме гледаа. Дали да се однесувам како амбасадор на УНИЦЕФ или, едноставно, како нејзин татко? На крајот, ништо не направив“, кажа Бекам во интервјуто за Би-Би-Си.

Харпер е најмалото, четврто дете на Бекамови и единствена ќерка и нејзино средно име е Севн, според бројката што Дејвид ја носеше во Манчестер јунајтед.

Од друга страна, најстариот син Бруклин се занимава со фотографија, додека 15-годишниот Ромео игра тенис. Викторија Бекам неодамна постави видео на Инстаграм, покажувајќи го пејачкиот талент на третиот син Круз.