ЗОШТО ДА СЕ ПОВЛЕЧАМ КОГА СÈ УШТЕ СУМ МОТИВИРАН ДА СЕ НАТПРЕВАРУВАМ, КАЖА ЃОКОВИЌ

Њујорк, (Ројтерс)

Новак Ѓоковиќ изјави дека не гледа причина да се повлече од тенисот со оглед на тоа што сè уште е мотивиран да се натпреварува и способен да ги победи најдобрите тенисери во светот.

Триесет и осумгодишниот Србин го победи бранителот на титулата Јаник Синер во полуфиналето на Отвореното првенство на Австралија во јануари, пред да изгуби од светскиот рекет број еден Карлос Алкарас во финалето.

„Беше неверојатно чувство што можам да го победам Синер во пет сета и потоа да имам уште еден одличен меч со Карлос, кој беше премногу добар. Си докажав себеси, но и на другите, дека сè уште можам да се натпреварувам на највисоко ниво и да ги победам овие момци. Мојата логика е зошто да не продолжам сè додека имам оган, талент, квалитет и мотивација“, рече Ѓоковиќ.

Освојувачот на рекордни 24 гренд слем титули рече дека ужива што може да го избере својот распоред, кој главно се врти околу четирите гренд слем турнири.

„Навистина уживам во возбудата од натпреварувањето. Сè уште уживам да излегувам пред публика. Сè уште сум трет во светот. Значи, сè уште сум конкурентен и ќе продолжам сè додека ми се сака“, кажа Ѓоковиќ.

(Фото: АП)