Бојана Скендеровски ќе одржи концерт во Штип, во Домот на културата „Ацо Шопов“, на 21 март од 20 часот.
Поп-пејачката, која стана позната токму по победата на „Макфест“ во Штип во 2003 со песната „Немам одбрана“ или „Љубов се пишува“, вели дека концертот е подарок за штипската публика и благодарност за долгогодишната поддршка.
На сцената на Макфест, Бојана победи двапати, прват како дебитант во 2003, а потоа на јубилејниот 30. Макфест во 2015 со „Диви цветови“.
„Со нетрпение го очекувам концертот во Штип. Овој град секогаш ме потсетува на убави моменти и големи емоции. Се подготвувам со многу љубов и возбуда и едвај чекам да дојде 21 март“, вели Бојана Скендеровски.
Концертот ќе биде бесплатен за публиката, како знак на благодарност за долгогодишната поддршка. На репертоарот ќе бидат некои од нејзините најпознати песни, но и дел од поновите.
Таа одржа концерт во Скопје на 13 декември во Филхармонија во Скопје. Во октомври лани, на прославата на 40. години Макфест, таа настапи во ревијаланата вечер со ѕвездите на фестивалот кои победувале низ годините.
Т. ЈОВАНОВСКИ
Фото: К.Попов