Концертна промоција на новиот албум „Еден свет“ на „Конкеринг лајон“ ќе се одржи на 21 март во клубот „Јавна соба“ во Скопје од 21 часот.
„Конкеринг лајон“ е даб/реге/кросовер состав од Тетово, формиран во 2007. Првиот албум „I“ го објави во 2009, по што следуваa „Know Your Wisdom“ (2011) и „Revelation“ (2013), со кои се наметнa како еден од поактивните реге бендови во регионот. Во текот на годините настапи во повеќе европски земји на иста сцена со имиња како „Ману Чао“ и Џентлмен.
Во 2017 го издаде албумот „Land Of Confusion“, кој влезе во предноминациите за наградата Греми за најдобар реге албум, а во 2020 излезе „Revolution Time“. Има снимено повеќе синглови и меѓународни соработки, меѓу кои и дует со Дани Димитровска.