МАРГО РОБИ ЌЕ БИДЕ ШЕРОН ТЕЈТ ВО НОВИОТ ФИЛМ НА ТАРАНТИНО

Лос Анџелес, (Вараети)

По неколку месеци шпекулации, Марго Роби конечно потврди дека ќе ја игра Шерон Тејт во новиот филм на Квентин Тарантино, „Беше еднаш во Холивуд“, придружувајќи им се на Леонардо ДиКаприо и на Бред Пит во ѕвездената актерска постава.

„Тарантино беше на мојата листа режисери со кои морав да работам. Од кога знам за себе, огромен фан сум на Тарантино. Отсекогаш сум сакала да видам како работи, како го води сетот, како ги режира глумците и каков е еден ден на снимањето. Ќе биде лудо да се искуси сето тоа од прва рака. Отсекогаш сум сонувала за ова“, кажа ѕвездата на „Волкот од Вол стрит“ и „Јас, Тонја“, за кој годинава беше номинирана за Оскар.

Роби ќе ја игра актерката која беше убиена од следбениците на Чарлс Менсон, но Тарантино вели дека убиствата нема да бидат главна тема на филмот, кој се случува во Холивуд во 1969 година.

ДиКаприо ќе ја игра поранешната ѕвезда на ТВ-вестерни Рик Далтон, кој не се снаоѓа најдобро во новиот Холивуд, а Пит е неговиот долгогодишен дублер Клиф Бут.

Во најава да му се придружат на филмот, што ќе излезе наредната година, се и Барт Рејнолдс, Курт Расел, Тим Рот и Мајкл Медсен.