„ЛИДИЈА“, НОВA ПЕСНА НА РАПЕРОТ ЈАНГ ДАДИ

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)
„Лидија“ е новата песна на младиот рапер Јанг Дади. Музиката и текстот се на Давид Данилоски (Јанг Дади), а аранжамнот е на Андреј Ник во копродукција со Димитар Николов.
За оваа песна, Јанг Дади сними и спот во режија на Илија Димкоски, а директор на фотографија е Борис Ралев. Во спотот се појавуваат актерот Тино Костадиновски и повеќе статисти заедно со Јанг Дади, кој за видеото вели дека е како сложувалка која никој не ја составил до крај.
Групата „Ареа“ лани го преработи својот стар хит „Очи ангелски“ во дует со Јанг Дади. Тој гостуваше на концертот на „Ареа“ на 8 ноември во салата „Јане Сандански“ во Скопје, по повод 25 години од албумот „Врати на имагинација“.