ЗА ПЕСНАТА „КАКО СПИЕШ ТИ“ ЌЕ Ѝ РАСКАЖУВАМ НА ЌЕРКА МИ, ВЕЛИ ПЕЈАЧКАТА АЛЕКСАНДРА ЈАНЕВА

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Александра Јанева ја промовираше новата песна „Како спиеш ти“, за која вели дека е модерна поп-балада.

Авторскиот тим на песната е Лазар Цветкоски (музика и аранжман) и Луна Ристиќ (текст). Тие се и главните соработници на претстојниот студиски албум на Јанева, „Сестро“, насловен по нејзиниот претходен сингл. Режисер на видеото кое Јанева го снимаше во четвртиот месец од бременоста е Даниел Јовески.

„Тој спокој што го чувствував во себе се пренесе и на екранот. Сакав да прикажам сила и самоувереност, a тоа направи уште посилно да ја доживеам емоцијата на песната, која еден ден ќе и ја прераскажувам на мојата ќерка“, рече Јанева.

Пејачката неодамна покажа дека е во одлична форма и на сцена, кога како гостинка на концертот на Лозано во Скопје ја воодушеви публиката со заедничката интерпретација на „Не те вадам од памет“.