ВЕЛИГДЕНСКИ КОНЦЕРТ НА ФИЛХАРМОНИЈАТА НА 8 АПРИЛ СО ТРОЈЦА СОЛИСТИ

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

На 8 април од 20 часот, во Филхармонијата ќе се одржи Велигденски концерт. Како солисти ќе настапат сопранот Катерина Стојановска, тенорот Исмет Вејсели и баритонот/бас Иван Наумовски.

Ќе диригира Најден Тодоров од Бугарија, кој важи за еден од најистакнатите диригенти во регионот. Ќе учествува и хорот „ПроАрс“, подготвен од диригентот Сашо Татарчевски.

На програмата се две познати дела од светската класична музика. Вечерта ќе биде отворена со симфониската поема „Прелудии“ од Франц Лист, по што следува симфонијата „Ѕвона“ од Сергеј Рахмањинов.