По песната „Head High”, на која гостува Tи-Кеј Вондер, Кирил Џајковски го објави вториот сингл од најавениот нов албум.
„Trigger Vision” е соработка со Рутсман, фронтменот на реге групата „Конкеринг лајон“ и член на концертниот бенд на Џајковски. Како и „Head High”, песната стилски му припаѓа на драменбејс жанрот, но вклучува и реге влијанија.
Албумот „Memory Paradox” ќе излезе за неколку месеци под етикетата на издавачката куќа „Филтер лејбл“ и ќе содржи дел од дваесетината нови песни, на кои Џајковски работеше со неговите соработници во изминатите две години.