Христијан Тасковски-Таско и Теа Трајковска го објавија заедничкиот сингл „Луда“. По претходниот сингл „Сатурн“, дуото продолжува со песна за која вели дека е урбана љубовна тема.
„’Луда’ е динамична поп-рап песна со дијалог помеѓу двајцата пејачи, каде што централниот мотив е заемната привлечност и емоционалната поврзаност. Рефренот е едноставен и лесно се памети“, велат Теа Трајковска и Таско.
Спотот е снимен во Охрид, со летна атмосфера и кадри од стариот град и езерото. Режијата е на Никола Наумовски.
Автори на текстот се Таско и Теа Трајковска, а музиката, аранжманот и продукцијата се на Лазар Цветковски.