ФАНОВИ ОБЛЕЧЕНИ КАКО МАЈКЛ ЏЕКСОН И СО СТАРИ ПЛОЧИ ДОЈДОА НА СКОПСКАТА ПРЕМИЕРА НА БИОГРАФСКИОТ ФИЛМ „МАЈКЛ“

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Фанови на Мајкл Џексон со стари плочи од него дојдоа на премиерата на биографскиот филм „Мајкл“ во скопското кино Синеплекс. Тие се фотографираа покрај постерот за филмот, а некои беа облечени во стилот на кралот на поп-музиката од времето на 1980-тите.

Во холот пред киното имаше и дел наречен „Месечевиот од“, насловен според познатиот танц на Џексон.

(Фото: Синеплекс)

Режисер на филмот за животот на Мајкл Џексон е Антоан Фукуа. Светската ѕвезда почина на 50 години во 2009. Во насловната улога е неговиот внук, Џафар Џексон, син на постариот брат на Мајкл, Џермејн Џексон.

Таткото на Мајкл, Џо Џексон, го игра Колман Доминго, а Мајлс Телер го игра адвокатот и советник на суперѕвездата Џон Бранка.

Биографскиот филм „Мајкл“ игра во Синеплекс и во кината на Киноверзум во Велес, Штип и во скопските населби Кисела Вода и Драчево.