ХОРОТ „СВ. ЗЛАТА МЕЛГЕНСКА“ ЌЕ ПРОСЛАВИ 30 ГОДИНИ СО КОНЦЕРТ НА 8 МАЈ

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Хорот „Света Злата Мегленска“ ќе одбележи 30 години постоење со концертот насловен „Воскресение твое“. Тој ќе се одржи на 8 мај од 20 часот во соборниот храм „Свети Климент Охридски“ во Скопје, каде што публиката ќе има можност да ужива во внимателно избран духовен репертоар кој го отсликува богатото музичко наследство и традиција.

На концертот ќе диригира Летка Полизова-Димовска, која вели дека концертот е значајна пресвртница за хорот, кој три децении активно придонесува во афирмацијата на хорската музика и духовното пеење.

Влезот е слободен.