Двата нови албума на легендарниот гитарист Влатко Стефановски ќе бидат промовирани утре (7 мај) од 12 часот во хотелот „Холидеј ин“ во Скопје. Тој ќе ги претстави „Guitar Sings“ (инструментален албум) и „Muscle Memory“ (нов студиски албум), издадени за „Кроација рекордс“.
Скопската промоција следува по нивното неодамнешно претставување во Сплит, во пресрет на доделувањето на престижната музичка награда „Порин“. Стефановски доби специјално признание за неговиот особен придонес кон хрватската музика.
На промоцијата, Стефановски ќе зборува за процесот на создавање на албумите, но и за своите тековни и идни музички планови.
Фото: СДК.МК