Поп-ѕвездата Делта Гудрем (фото) значително ги зголеми шансите на Австралија за победа на Евровизија во Виена, по извонредната изведба на моќната балада „Помрачување“ во вчерашното второ полуфинале.
Гудрем, која се прослави во австралиската ТВ-серија „Соседи“, сега е втор фаворит за победа, зад Финска, на која долго време ѝ се даваат најголеми шанси да го крене трофејот. Австралија настапува на Евровизија од 2015 и досега нема победа.
Покрај Австралија, во саботното финале се пласираа и Албанија, Бугарија, Кипар, Чешка, Данска, Малта, Романија, Украина и Норвешка. Меѓу оние кои отпаднаа е Швајцарија, која славеше пред две години.
(Фото: Фејсбук)